Репрезентацијата на Полска одигра фуриозно против Австрија и триумфираше со 31:19 на денешниот пријателски натпревар.
Полска, која на Мундијалот ќе има тежок предизвик, ќе игра против Германија, Чешка и Швајцарија, покажа дека се наоѓа во одличен ритам.
Австрија, за разлика од Полска, ќе се соочи со Франција, Кувајт и Катар, и ќе мора до почетокот на СП да ја подобри играта.
На денешните пријателски натпревари Норвешка славеше над Египет со 33:29, додека Шпанија немаше проблеми против Аргентина, победи со 14 гола разлика, 32:18.
Јапонија и Тунис одиграа интересен натпревар, а по 60 минути игра резултатот беше 34:33 за азиската селекција.
Македонија храбро и парираше на Хрватска, но на крајот загуби