Германскиот ракометар Кристијан Дисингер и неговата избраничка Марија Андоновска направија свадба од соништата во италијанскиот град Тоскана.
По три години откако стапија во граѓански брак, тие ги собраа своите најблиски на свадбена прослава која изгледаше филмски, а на која беа присутни повеќе поранешни соиграчи на Дисингер.
Во Тоскана беа Дибиров, Душебаев, Карачиќ, Степанчиќ, Вујин…за забавата се погрижи Драган Темелков, попознат како Џони Лајв, а за микрофон се фатија и близнаците Мартин и Стефан од Некст Тајм.
Германецот му е баџанак на Игор Карачиќ, кој е во брак со сестрата на Марија, Душица, а кумови на Дисингер и Марија им се Тимур и Ирина Дибирови.
Левиот бек по заминувањето од Вардар кратко играше за романскиот Динамо Букурешт, беше член на катарскиот Ал Духаил, а потоа настапуваше и за унгарските Татабања и Ѓер.
Во 2019 се искачи на тронот на Европа, откако со Вардар славеше во финалето на Лигата на шампионите против Веспрем.


Дисингер стана македонски зет и баџанак на Карачиќ – Дибиров му беше кум (ФОТО)























