Тимот на Вардар, кој сезоната ја заврши во ТОП 3 во Супер женската лига, веќе го крои ростерот за наредната сезона во која се враќа и на меѓународна сцена.
Првото ново име во составот на Даниела Новеска ќе биде кадетската репрезентативна голманка Марија Дуноска, која доаѓа од тимот на Стружанка.
Дуноска настапуваше и во кадетската лига за струшкиот тим, но и во сениорска конкуренција, каде собираше искуство за во иднина.
Голот на Вардар во минатата сезона го бранеа триото Андреа Илиќ, која беше избрана во Ол Стар тимот на сезоната на 24Ракомет, Вероника Ѓорѓиевска и Марија Галачева.
Вардар се пријави во ЕХФ Купот за претстојната сезона и ќе ја претставува Македонија на меѓународна сцена.























