Ракометната федерација на Македонија ја доби организацијата на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско Европско првенство 2027 година.
Македонија ќе биде домаќин на групата Б, во која покрај нашата селекција се уште и Литванија, Косово и Грција.
Избраничките на Славиша Димитријески ќе имаат убави шанси за пласман на големо натпреварување бидејќи ќе ја имаат поддршката на домашната публика.
Квалификацискиот турнир ќе се игра во Скопје од 27 до 29 ноември годинава, а најдобрите две селекции ќе се пласираат на ЕП 2027 во Црна Гора, како и најдобрата третопласирана од сите квалификациски групи.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























