Унгарија бара селектор – двајца домашни стручњаци во комбинација

Двајца домашни стручњаци се најсериозни кандидати за селекторската функција на машката репрезентација на Унгарија по заминувањето на шпанскиот стратег Чема Родригез. Станува збор за Ласло Шотоњи и Едмонд Тот, пишува „24.hu“.

Шотоњи моментално е помошник селектор на унгарската репрезентација и тренер на Чурго, а зад себе има и богато играчко искуство, вклучувајќи настап на Олимписките игри во Барселона 1992 година.

Од друга страна, Едмонд Тот оваа сезона остави силен впечаток како тренер на Татабања, која ја водеше до одлични резултати во домашните натпреварувања и во Европа. Во април годинава самиот изјави дека би сакал со клубот да освои медали во сите натпреварувања, што дополнително ја потврдува неговата амбиција и тренерска филозофија.

Иако засега нема официјална одлука од Унгарската ракометна федерација, медиумите во земјата тврдат дека токму Шотоњи и Тот се во најтесниот круг за наследник на Чема Родригез на клупата на една од најсилните европски репрезентации.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________