Играше за Вардар и Охрид – сега има нов клуб

Средниот бек Младен Крсманчиќ откако ја заврши сезоната во српскиот вицепрвак Војводина, ќе има нов клуб од септември.

Според „Моцарт Спорт“, Крсманчиќ ја заврши својата авантура во тимот од Нови Сад, кој ќе претрпи голема реконструкција и ќе се пресели во Лозница.

Некогашниот организатор на играта на Вардар и Охрид ќе биде од голема помош за новиот член на елитното друштво во Србија.

Покрај во Македонија, Крсманчиќ искуството го стекнуваше низ настапите и во шпанската Анаитасуна и унгарскиот Чурго, каде играше четири сезони.

____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, 
приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________