Еден од најдобрите тимови во историјата на ракометот, Кил, ја остави зад себе најлошата сезоната во последните 23 години.
Се шпекулира со промена на тренерот Филип Јиха, кој има договор до 2028 година, но засега клубот не се огласува по тој повод и веќе го прави планот за подготовка за новата сезона, во која нема да игра во Европа.
Дел од подготовките Кил ќе ги одработи на невообичаена локација – во главниот град на Фарски Острови, Торшавн.
Таму ќе биде дел од турнирот во организација на локалниот клуб Х71, а покрај Кил ќе играат и Валур од Исланд и данскиот ГОГ Гудме. Турнирот ќе се игра од 13 до 16 август.
Во Кил игра репрезентативецот на Фарски Острови, Елијас Елефсен а Скипаготу.

























