Европската ракометна федерација ја сумираше сезоната во трите европски купови, како и во младинската Лига на шампиони.
Меѓу осумте тимови што освоија европски трофеи во штотуку завршената сезона се најде и Охрид, кој со двоен триумф над унгарската Татабања во финалето на ЕХФ Европскиот Куп успеа да испише историја.
Кај дамите, истото натпреварување го освои шпанската Малага, додека во Лигата на Европа трофеите завршија кај францускиот Дижон и германскиот Мелсунген.
Во младинската Лига на шампиони се радуваа унгарскиот Дебрецин и данскиот ГОГ Гудме, додека европски шампиони станаа францускиот Мец и каталонскиот гигант Барселона, кои се радуваа во Будимешта и Келн.
























