Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски по одличната партија во Асобал лигата против екипата на Торелавега, доби големо признание.
Медиа тимот на Асобал лигата го смести левиот бек на Ваљадолид во идеалниот тим на 21. коло, откако даде 11 гола од 14 обиди.
Токму Димитриевски беше најзаслужен за победата против Торлевагеа и неговиот тим со новите освоени бодови за момент избега од опасната зона за испаѓање.
За Димитриевски ова е второ признание во најквалитетното натпреварување во Шпанија.
Велешанецот во декември минатата година исто така се најде во идеалниот тим на колото во Асобал лигата.
View this post on Instagram