ПИК Сегед создава дрим-тим, потпиша и Магнус Род

Екипата на ПИК Сегед во следната натпреварувачка сезона 2024/25 ќе биде посилна со норвешкиот репрезентативец Магнус Род.

26-годишниот ракометар, кој моментално го носи дресот на норвешкиот шампион Колстад, со унгарскиот тим потпиша двегодишна соработка.

Десниот бек во Колстад настапува од оваа сезона, претходно шест сезони беше дел од бундеслигашот Фленсбург.

ПИК Сегед ги има договорено и Тобијас Тулин, Јанас Смарасон, Лазар Кукиќ и екс вардарецот Жереми Тото.

Унгарскиот клуб ќе остане активен на трансфер пазарот и најверојатно до почетокот на следната сезона ќе донесе уште неколку големи засилувања.