Goran PERKOVAC (coach), Croatia vs Netherlands, EHF Euro 2024 qualification match, Dvorana Gradski Vrt, Osijek, Croatia, 12.03.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Перковац: Комплетно ја превземам одговорноста, одигравме катастрофално!

Хрватска беше поразена од Исланд 30:35, со што ги изгуби и онака теоретските шанси за пласман во полуфиналето. Хрватите повторно не беа на ниво на задачата, изгледаа бледо во нападот со многу изгубени топки, а сето тоа успешно го казнуваа брзите Исланѓани.
Селекторот Перковац беше самокритичен за денешниот натпребар и комплетно ја превзема одговорноста на себе.

Мора да кажам дека комплетно ја превземам одговорноста за тоа што ги одигравме дене, а одигравме катастрофално. Игравме стално на некои вкрстувања по кои губевме топки, и тоа беше главната причина зошто го загубивме натпреварот.Мислам дека бевме добро подготвени за натпреварот, но немаше „жар“ во ракометарите, криви за тоа сме јас и стручниот штаб, па додаде:

Мислам дека безмислените вкрстувања кои ги правевме во текот на натпреварот се резултат на нашата немоќ. А подоцна и кога ќе дојдевме во шанса, промашувавме.Едноставно не бевме оние вистинските на теренот.Десен одбрани е добро, но не е нешто екстремно за голман. Кузмановиќ е можеби еднинствената светла точка во нашата игра. Во еден натпревар направивме технички грешки за три натпревари. Не игравме паметно-изјави Перковац за хрватски РТЛ по поразот од Исланд.