Goran PERKOVAC (coach), Croatia vs Netherlands, EHF Euro 2024 qualification match, Dvorana Gradski Vrt, Osijek, Croatia, 12.03.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Перковац: Да се играше уште два саати немаше да ја победиме Унгарија!

Селекторот на Хрватската репрезентација, Горан Перковац беше самокритичен по поразот на неговите ракометари во дуелот со Унгарија 29:26. „Коцкастите„ цел натпревар не можеа да се адаптираат на унгарската одбрана, а во дефанзивата тешко наоѓаа решение за пикерот Бенце Банхиди.

Не изгледавме добро, од првата минута бевме како издишан балон, немавме енергија, глад и желба да го добиеме овој натпревар. Планиравме да играме брзо, да ја размрдаме таа тешка унгарска одбрана преку контри и полуконтри, но тие беа побрзи денес од нас. Не знам што се случи, ќе мораме да анализираме, но денеска не бевме оние вистинските. Мора да признаеме дека повторно играта со ракометар повеќе ни беше лоша, го вежбавме тоа на тренинзите но не ни одеше. Мислам дека денес да игравме уште два саати немаше да го добиеме овој натпревар, иако на неколку наврати имавме шанса да го свртиме натпреварот- изјави Перковац за хрватските медиуми.