Пелистерецот Петровиќ на списокот на Доборац за решавачките дуели за ЕП!

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ, се најде на списокот на селекторот на Босна и Херцеговина, Дамир Доборац, за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026.

Во комбинација беше и младиот Алем Хаџиќ, а на скратениот список на Доборац, освен Петровиќ, има уште 13 интернационалци, меѓу кои и искусните браќа Бенјамин и Сенјамин Буриќ, Ибрахим Хасељиќ, Адмир Ахметашевиќ…

Босна и Херцеговина ја очекува тешка задача во квалификациите за ЕП 2026. Ќе го пречека дома Исланд, а ќе и гостува на Грција во можеби решавачкиот натпревар за двете селекции околу пласманот на континенталниот собир.

Островската земја е прва на табелата со осум бодови, Грузија е втора со четири, додека БиХ и нашиот јужен сосед имаат два бода.