В петок ќе започне новото, 10. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут и до крајот од тековната сезона ќе преостанат да се одиграат уште четири кола.
И по девет одиграни кола, се уште не е познато дали Еурофарм Пелистер ќе ја одбрани шампионската титула.
Битолчани се лидери на табелата, имаат 26 бодови, потоа на второто место е Вардар со 24 бодови, тимот на Охрид има 23 бодови, а на 4. позиција е вицепрвакот со 21.
Вардар и Охрид имаат свои математики за првото место, но Еурофарм Пелистер со победа на неделниот дуел против „гладијаторите“ ќе има отворен пат кон посакуваната цел.
Во игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи останува тимот на Тиквеш, кој во претходното коло беше поразен од вицепрвакот на свој терен.
Супер лига, плеј-оф, 10. коло, распоред:
Бутел – Пролет
Вардар – Тиквеш
Охрид – Еурофарм Пелистер
Алкалоид – Струга
Интересна битка се очекува и за првите три позиции во плеј-аут фазата, во која најблиску до опстанок е тимот на Прилеп. За директен опстанок во суперлигашката конкуренција се борат Куманово, Еурофарм Пелистер 2 и Вардар Неготино.
Теоретски шанси за 3. позиција има Мулти Есенс, но дебитантот од Автокоманда ќе треба до крајот од сезоната да биде непобедлив.
Супер лига, плеј-аут, 10. коло, распоред:
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар Неготино
Мулти Есенс – Прилеп
Скопје – Куманово
Голден Арт слоб.