Новиот суперлигаш Атлетик ја заврши сезоната за паметење со триумф на гостински терен кај составот на Овче Поле СУ со 32-24.
Победата на гостинската екипа беше најавена уште по првиот дел кога избраничките на Татјана Хмирова имаа пет гола залиха, 17-12.
Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и немаше никакви неизвесности околу резултатот или победникот.
Најдобри стрелци во составот на Атлетик беа Сара Бојеска со седум и Андреа Конеска со шест, а Јована Ангеловска даде девет гола за тимот од Свети Николе.
























