Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одржаа единствениот тренинг во Париз пред мечот со францускиот првак ПСЖ.
Македонскиот шампион вечерва во „Пјер де Кубертен“ ќе го одигра четвртиот натпревар од Лигата на шампионите.
Иако домашните се големи фаворити на оваа пресметка, сепак пелистерци се подготвени за борба.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 20:45 часот, а ќе го судат Турците Оздениз и Ердоган.
Досега Еурофарм Пелистер одигра три меча во елитната конкуренција и загуби три пати од Алборг, Кил и Колстад.