Охрид нема да биде сам во Татабања – ќе има и фан-зона за навивачите!

Тимот на Охрид утре го игра првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот Куп против унгарската Татабања.

Ракометарите на македонскиот тим нема да бидат сами во градската сала во Татабања, најавени се повеќе од 300 навивачи, а ќе има и фан-зона.

Фан-зоната ќе биде во склоп на салата, а се очекува навивачите да се соберат околу 14:00 часот.

Натпреварот меѓу Татабања и Охрид се игра утре во градската сала во Татабања со почеток од 17:00 часот.