Даневски и Митревски дадоа 18 гола, Еурофарм Пелистер 2 победнички си замина од Струга

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај екипата на Струга во резултатски неважен натпревар со убедливи 40-29.

По првото полувреме избраниците на Александар Зарков имаа плус четири, 20-16, и ја имаа контролата на теренот.

Во вториот дел, доминираа уште повеќе и не му дозволија на домаќинот во ниту еден момент да се надева на нешто повеќе од овој натпревар.

Најефикасни во победничкиот состав беа Даневски и Митревски со по девет погодоци, додека Маркоски додаде седум гола.

Во тимот на Струга се истакнаа крилните ракометари, Костов со осум и Костоски со седум реализации.