Охриѓани пристигнаа во Татабања – утре е првата „епизода“ од финалето!

Ракометарите на Охрид пристигнаа во унгарскиот град Татабања, каде утре против истоимениот противник ќе го игра првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп.

Со лет од Охрид до Братислава, па кратко патување со автобус до Татабања, експедицијата на „гладијаторите“ веќе е на местото каде се игра утрешната средба.

Од 19:00 часот ќе биде одржан и единствениот тренинг пред натпреварот, по што тренерот Борис Ројевиќ ќе го одреди составот.

Натпреварот меѓу Охрид и Татабања, за која игра македонскиот интернационалец Филип Талески, се игра утре од 17:00 часот.