„Гладијаторите“ тренираа во Татабања – се „наострија“ нишаните за унгарскиот тим

Ракометарите на Охрид го одработија единствениот тренинг во салата во која ќе се одигра првиот натпревар против Татабања.

Охриѓани имаат сезона во која и досега направија многу историски резултати, а шансата за европски трофеј е на прагот.

Тренерот Борис Ројевиќ има многу проблеми со повредени ракометари, но тие што ќе играат ќе мора да дадат и повеќе од максимум за да се вратат во Охрид со добар резултат.

Натпреварот меѓу Татабања и Охрид ќе се игра утре од 17:00 во градската сала во Татабања.