Освои три титули во серија и си доби договор до 2028!

Шпанскиот тренер Хавиер Сабате ќе остане во Висла Плоцк најмалку до 2028 година и ќе комплетира цела деценија.

Полскиот првак, кој лани освои трофеј и во Купот, а вчера и во Супер Купот, е задоволен од работата на Шпанецот и има планови на долги патеки со него.

Неговиот актуелен договор беше до 2026 година, а сега беше продолжен за уште две дополнителни сезони.

Висла Плоцк минатата сезона ја прекина доминацијата на Келце од 13 сезони по ред и стана шампион на Полска.

Со Сабате, Висла Плоцк се пласираше на Ф4 во Лигата на Европа, таму освои бронза, а минатата сезона стигна до ТОП 8 во Лигата на шампионите, каде сезонава има исто така високи амбиции.

Висла Плоцк ќе игра со Еурофарм Пелистер во групната фаза од елитното натпреварување.