Елизабет Омореги летниот одмор го минува во Бразил, каде заедно со својата партнерка Габриела Морески ги следи натпреварите на бразилската фудбалска репрезентација на Светското првенство.
Словенечката репрезентативка и поранешна ракометарка на ЧСМ Букурешт се појави во дресот на Бразил, а романскиот „ГСП“ објави дека двете заедно со семејството уживале во мечевите на селекцијата што на шампионатот ја води Карло Анчелоти.
Во објавата што ја споделија на социјалните мрежи стоеше пораката: „Токму таму каде што на моето срце му требаше да биде.“ Омореги поради нејзината девојка навива за „кариоките“ на Мундијалот.
____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
Омореги и Морески се запонаа додека играа за ЧСМ Букурешт, а својата врска ја објавија јавно на почетокот на оваа година, кога споделија заеднички фотографии. Ова лето се разделуваат – Морески оди во Мец, а Омореги во Ференцварош.
Омореги е родена во Атина од татко Нигериец, а мајка Бугарка. Почнала да игра ракомет во Бугарија, потоа се пресели во Словенија каде настапуваше за Крим, а долго време играше за репрезентацијата на Словенија.
View this post on Instagram
























