Специјалистот за одбрана, Гедеон Гвардиола, кој има 40 години, објави дека по завршувањето на оваа сезона ќе се повлече од ракометните терени.
Искуствениот Гвардиола, кој моментално настапува за шпанскиот клуб Нава, има долгогодишна кариера зад себе. Пред да се врати дома, во периодот од 2012 до сезона 2023/24, играше во германската Бундеслига.
Во најсилната лига во свето ги носеше дресовите на три клуба – Рајн Некар, Лемго и Ерланген. На репрезентативно ниво, Гвардиола постигна големи успеси со „црвената фурија“ и освои девет медали на големите натпревари.
Тој беше дел од тимот кој ја освои титулата на Светското првенство во 2013 година, а исто така има два бронзени медали од Светските првенства во 2021 и 2023 година.
Гвардиола има и два златни медали од Европските првенства (2018 и 2020), како и два сребрени медали (2016 и 2022). Неговата колекција на медали е збогатена со бронзен медал од Европското првенство 2014, како и со бронза од Олимписките игри во Токио.