Ракометарите на Охрид по четирите контролни натпревари во Србија, се вратија на домашна сцена.
Избраниците на Стевче Алушовски во комбиниран состав славеа против Прилеп во контролен натпревар со 34-24.
На полувремето „гладијаторите“ имаа залиха од пет погодоци, 19-14, која во вториот дел беше дуплирана.
За Охрид следуваат уште две пријателски средби против Kуманово во текот на утрешниот ден и против Вардар на 5 февруари, пред стартот на Супер лигата на 8 февруари.