РФМ ја смени локацијата за бараж средбите!

Иако беше најавено дека бараж средбите за пополнување на Супер лигите во двете конкуренции ќе се одиграат во Прилеп, сепак дојде до промена.

Ракометната федерација на Македонија објави дека двата меча во машка и женска конкуренција ќе бидат одиграни во салата „25 Мај“ во Радовиш поради нејзиниот поголем капацитет.

Од 17:00 часот на програмата ќе биде бараж средбата меѓу Пелистер и Ѓорче Петров 2, додека од 19:30 е мечот кај мажите меѓу Младост Богданци и Струга.

Во Супер машката лига испадна Радовиш, а влегоа „витамините“ од Автокоманда, додека во Супер женската лига, испаѓа Металург Автокоманда, а Атлетик влегува во елитата.