Изминатиот викенд се одиграа девет натпревари од Купот на Македонија од четвртфиналните групи, по што познати се три учесници на завршниот турнир што ќе се борат за трофејот.
Претходно Вардар и Еурофарм Пелистер обезбедија место меѓу најдобрите со двојните победи над Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2, односно Куманово и Радовиш, на дуелите одиграни во „Боро Чурлевски“.
Третиот учесник на Ф4 во Купот е амбициозниот Охрид, кој мина две пречки на домашен терен – Прилеп и Тиквеш, на средбите одиграни во СРЦ „Билјанини Извори“. Охриѓани се враќаат на завршниот турнир по осум години, откако во 2017 година беа дел од турнирот што се играше во Битола, но беа елиминирани во полуфиналето.
Дополнително групата 1 ќе биде одиграна утре, а таму фаворити се „сино-белите“ на Лазаров и тимот на Пролет, кои би требало да имаат лесни задачи во дуелите со прволигашите – „витамините“ од Автокоманда, односно Партизан Гевгелија.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
Еурофарм Пелистер – Радовиш 50-25
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
Oхрид – Тиквеш 34-25