Охрид се раздели со уште еден странец!

Амбициозниот Охрид во продолжението од сезоната нема да смета на српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ.

Од клубот за 24Ракомет потврдија дека не е продолжена соработката со поранешниот играч на Вардар.

Тој дојде на стартот на оваа сезона од Вардар, но не добиваше голема минутажа од стратегот Борис Ројевиќ.

Србинот најверојатно ќе се врати во татковината и ќе го облече дресот на вицепрвакот Војводина, каде би требало да биде замена за Стефан Додиќ кој оди во Веспрем.

Во Охрид на плејмејкерската позиција останува Словенецот Тилен Стрмљан, a повреден е хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.

Претходно охриѓани спогодбено го раскинаа договорот со левиот бек од Грузија, Теимураз Орјонокидзе.