ОХРИД 2024: Олимпијакос со хрватско-српска колонија доаѓа по ново финале покрај езерото

Ракометниот клуб Охрид во соработка со Општина Охрид ова лето ќе го организира третото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во чест на човекот што остави голема трага во македонскиот ракомет. Oхрид трета година по ред ќе биде центарот на ракометот кон крајот на август и ќе го собере балканскиот ракометен крем.

Покрај домаќинот Охрид, од Македонија претставници ќе бидат двократниот европски првак Вардар и тимот на Алкалоид. Останатите пет екипи се од странство, бидејќи охридското крајбрежје стана популарно за последните подготовки на екипите пред стартот на сезоната.

Доаѓа ланскиот финалист Олимпијакос, амбициозните српски тимови Партизан и Динамо Панчево, како и шампионот на Црна Гора – Ловќен. Словенечкиот Целје, европскиот шампион од 2004 година, исто така ќе биде меѓу учесниците на третото издание на меморијалниот турнир.

Покрај големиот број на интернационалци од Хрватска и Србија, тренерот на екипата исто така доаѓа од Хрватска. Станува збор за Жељко Бабиќ, кој по подолг период се враќа во Македонија, каде што го водеше Еурофарм Пелистер.

Тој очекува да ги види на дело новите засилувања. Олимпијакос минатата сезона беше финалист и загуби во битката за трофејот од Еуорфарм Пелистер.

„Очекувам да ги видам новите играчи и да ги воведеме во нашиот тимски концепт. Не сме сигурни дали некој од нашите ракометари ќе го прескокне овој турнир, бидејќи сите балкански тимови се познати по силната одбрана“, смета Бабиќ.

Хрватскиот стратег смета дека Целје е фаворит за титулата.

„Можеби Целје има шанси да ја освои титулата во Охрид“, вели Бабиќ.

Некогашниот тренер на пелистерци очекува да ги освојат сите домашни трофеи.

„Нашата главна цел е да ги освоиме сите можни трофеи на домашната сцена и да стигнеме што подалеку во Европа“, заврши Бабиќ.

Капитенот Саваш Саваш најавува битка за трофејот.

„Знам од минатата сезона дека овој турнир е многу силен, но нашата цел е одново да влеземе во финалето, а зошто да не го освоиме трофејот. Познавам многу од тимовите што ќе играат и очекувам тешки натпревари. Сметам дека имаме шанси да го освоиме трофејот. Кога играте во голем клуб каков што е Олимпијакос, секоја сезона целта е иста – да освоите се дома и да имате добар настап во Европа“, заврши Саваш.

ОЛИМПИЈАКОС

заминаа: Ангел Монторо (Севиља), Христос Цигаридас, Панајотис Карампурниотис, Саво Славуљица.

дојдоа: Предраг Вејин (Нексе Нашице), Лука Вујовиќ (Ловќен), Јосип Периќ (Татабања), Николаос Лиапис (АЕК Атина), Танасис Папазоглу, Филипос Николинтаис.

Меморијален турнир „Крсте Андоновски“, распоред на натпревари:

20 август
16:30 Алкалоид – Динамо Панчево
18:45 Ловќен – Олимпијакос
21:00 Охрид – Вардар

21 август
16:30 Динамо Панчево – Олимпијакос
18:45 Партизан – Вардар
21:00 Охрид – Целје

22 август
16:30 Партизан – Целје
18:45 Динамо Панчево – Ловќен
21:00 Алкалоид – Олимпијакос

23 август
16:30 Алкалоид – Ловќен
18:45 Охрид – Партизан
21:00 Вардар – Целје

24 август
10:30 меч за седмо место
12:30 меч за петто место
17:45 меч за трето место
20:00 финале