ОФИЦИЈАЛНО: Тоше Ончев се сели во Шпанија

Како што најави 24Ракомет, искусниот Тоше Ончев повторно се враќа на интернационална сцена и ќе настапува во Шпанија.

Велешанецот, кој во првиот дел од тековната сезона беше дел од Бисинов ФЛ, ќе го носи дресот на Атлетико Новас.

Шпанскиот клуб го потврди трансферот на Ончев и се очекува левиот бек да биде големо засилување во амбициозниот тим.

Ончев во својата кариера настапуваше во скопски Вардар, каде се задржа осум години, потоа го направи своето деби како интернационалец, во францускиот Вернуj.

Од Франција замина во Грција, каде играше за Фаикас Корфу, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапуваше за Работнички.

Во сезоната 2021/22 беше дел од Тримо Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, а потоа играше и за Охрид, пред да замине во Голден Арт, од каде дојде во Велес и мина полусезона.

Тоше Ончев со нов интернационален предизвик – се сели во Шпанија!