Ракометарите на Охрид денеска ги очекува пресметката со Татабања од финалето на ЕХФ Европскиот Куп.
Средниот бек во ростерот на Борис Ројевиќ, Косуке Јасухира, ќе биде еден од главните адути на „гладијаторите“.
„На двата меча од финалето против Татабања – денеска и тој во Охрид наредниот викенд, мора да дадеме не 100%, туку 200% од нашите сили за да оствариме позитивен резултат. Ако го сакаме трофејот, мора да го направиме тоа“, изјави Јасухира.
Некогашниот ракометар на Вардар, вели дека тој би сакал да остане во тимот покрај езерото. Со своите настапи веднаш ги освои симпатиите на „Рибари“ и на симпатизерите на клубот покрај езерото.
„Ми се допаѓа да бидам во убав град каков што е Охрид, во добар клуб, со добри соиграчи и навивачи, добар тренер – се одлично. Би сакал да останам во Охрид, но таа одлука се уште не е донесена“, заврши Јасухира.
Натпреварот меѓу Татабања и Охрид се игра денеска во градската сала во Татабања со почеток од 17:00 часот.
























