Тимот на Ајдовшчина по 30 години се врати во најдобрата словенечка лига, а успехот на овој клуб е врзан за името на македонскиот стратег Раде Стојановиќ.
Ајдовшчина, за која настапува македонскиот десен бек Михаил Иваноски, во финалето на плеј-оф серија по изведувањето на пенали го совлада составот на Мокерц КИГ со 27-26, откако регуларниот дел заврши 24-24.
Стојановиќ го презема клубот во паузата меѓу двете полусезони, го однесе најпрво до првото место во регуларниот дел, па Ајдовшчина ја имаше предноста во сите фази од разигрувањето реваншот да го игра дома. Ги елиминира без пораз Себастјан Сович, Кршко и Мокерц КИГ, а вкупно неговиот тим нема пораз на 14 меча.
Иваноски, кој е меѓу најдобрите стрелци на Ајдовшчина, во вториот финален натпревар даде еден погодок во пенал серијата и имаше заслуга за остварената победа.
























