Охрид со ПОБЕДА се враќа од Унгарија – дома ќе брка ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ

Ракометарите на Охрид со победа од 29-28 се враќа од гостувањето во Унгарија кај Татабања, во првио тфинален меч од Купот на ЕХФ. Можат охриѓани да жалат бидејќи имаа неколкупати водство од 6 гола, но му дозволија на домаќинот да с еврати во игра.

Драмата се случуваше во вториот дел од второто полувреме кога Охрид од предност 24-18 му дозволи на домаќинот да израмни на 26-26. Потоа с еиграше гол за гол, а побендичкиот гол го даде Дарко Ѓукиќ. „Гладијаторите“ предводени од голманот Пилиповиќ кој на крајот собра 12 одбрани, покажаа по првиот дел дека се дојдени по триумф. Водеа по првиот дел со пет гола разлика, 13-8, а во второто полувреме имаа и шест позитива  24-18.

Мечот тргна со промашувања на двете страни, пред Јасухира со гол од пенал да го отвори резултатот во корист на Охрид. Пилиповиќ на стартот покажа дека ќе брани како што знае и го запре еден од најдобрите стрелци на домашните, Педро Родригез.

Потоа уште еднаш промашија домашните и Охрид казни со водство со 3-1, а потоа и Ѓукиќ искористи што Татабања остана во еден момент со двајца ракометари помалку на теренот, па погоди на празен гол за 5-2 по десетина минути игра.

Иванковиќ зголеми на 6-2, потоа македонскиот тим имаше прилика и за плус пет, но и Секељ, некогашниот голман на Еурофарм Пелистер, со две интервенции ги покажа своите квалитети.

Пилиповиќ беше исклучен по двобој со еден од домашните ракометари, па Татабања конечно постигна гол по десет минути преку Григорас и намали на 6-3. Охрид со двата гола на Иванковиќ и Стрмљан си ја врати предноста од плус четири, 8-4.

Беше и 9-5, па домашниот стратег Едмонд Тот мораше да бара тајм-аут по дваесетина минути игра. Но неговите играчи продолжија со грешките, Пилиповиќ уште еднаш запре зицер и Охрид отиде на плус шест, 11-5.

По тајм-аутот на Ројевиќ, Охрид стигна до седум гола залиха, 12-5, но Татабања врза три гола во серија и со голот на Талески намали на 12-8. Охрид погодија уште еднаш, а потоа успеаја да се одбранат во последниот напад и на пауза се замина со 13-8.

На стартот на вториот дел Прибетиќ зголеми на плус шест, 14-8, но домашните искористија период кога Охрид остана со двајца играчи помалку на терен и врзаа три гола во серија за 14-11.

„Гладијаторите“ по уште одбранет зицер на Пилиповиќ ја надминаа малата криза и отидоа на плус пет, 18-13, но молдавските арбитри лесно судеа исклучувања, па Охрид за десетина минути во вториот дел доби дури четири.

Се движеше разликата меѓу три и четири гола во продолжение во корист на македонскиот тим, Ројевиќ побара тајм-аут да ги смири своите избраници. Татабања направи две грешки, Пилиповиќ одбрани еден удар и Охрид беше на 25-19.

Домашните не се откажуваа од бркање на позитивен резултат, нападот на Охрид немаше многу идеја, па во последните десетина минути се влезе со 25-23 за македонскиот тим.

Стратегот на Татабања побара тајм-аут, а по исклучувањето на Прибетиќ, погоди Родригез за 25-24 и серијата на домашните отиде на 5-0, но Стрмљан даде гол од тешка ситуација за плус два, кога остануваа уште седум минути, 26-24.