Словенечкиот интернационалец Тобијас Цветко е на чекор до настап за машката репрезентација на Турција, пренесува „ХентболХабер“.
Според последните информации, постапката за добивање турско државјанство е во завршна фаза, а по нејзиното комплетирање 29-годишниот бек ќе стекне право да настапува за националниот тим на Турција.
Цветко настапуваше за Бешикташ во сезоните 2023/24 и 2024/25, а потоа се пресели во Спор Тото. Сепак, според најавите, словенечкиот ракометар повторно е многу блиску до враќање во редовите на Бешикташ.
Турција стигна до третиот бараж за СП 2027 во Германија, откако претходно ги елиминираше Кипар и Романија, но немаше сили за сензација против Норвешка.
Средниот бек ќе биде во комбинација за настап во квалификациите за ЕП 2028, а Турција се најде во група со Грузија, Австрија и Норвешка.

























