Tabea SCHMID, Switzerland vs. Norway, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 11.12.2024, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Одигра одлично на ЕП и си обезбеди трансфер во еден од најдобрите клубови

Репрезентацијата на Швајцарија испиша убава страница, откако на штотуку завршеното Европско првенство 2024 за првпат обезбеди пласман во главната фаза на континенталниот собир.

Швајцарија, која заедно со Унгарија и Австрија беа ко-домаќините, на ЕП го имаше своето второ учество, по она во 2022 кога заврши на 14 место, а сега беше подобра за две места.

Една од најзаслужните за пласманот во главната фаза беше Табеа Шмид, кружниот напаѓач настапот на континенталниот собир го заврши меѓу најдобрите стрелци.

21-годишната Шмид на седум натпревари постигна 44 погодоци и веднаш го привлече вниманието на големите клубови, а според данските медиуми, младата ракометарка се наоѓа пред трансфер во Есбјерг.

Шмид моментално настапува во Данска, таму го носи дресот на некогашниот учесник во ЛШ – Копенхаген и доколку направи трансфер во Есбјерг, тогаш ќе има можност да игра во европската елита.