Ѓорче Петров се засили со црногорска репрезентативка на пивот!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров работи активно на составувањето на играчкиот кадар за претстојната сезона во која ќе влезе со големи промени, но и со големи амбиции на домашна и меѓународна сцена.

„Лавиците“ ја засилија пивотменската позиција со младата црногорска ракометарка Ангела Губериниќ. Tаа има 20 години (172/72), ги има поминато сите младински категории на Црна Гора, а дебитираше и за сениорската репрезентација.

Со нејзиниот досегашен клуб Будуќност беше дел и од најелитната конкуренција кај дамите, Лигата на шампионите. Со „лавиците“ потпиша договор до 2028 година.

Ѓорче Петров досега донесе три засилувања – средниот бек Ана Марија Коларовска, голманката Нина Вуксановиќ и десното крило Аника Јовановиќ.

Претходно соработките беа продолжение со Ива Велкова и Анастасија Трпеска, десното крило Ана Вранчиќ, како и средниот бек Мила Ѓорѓиевска.