Куманово се откажа од Европа – шанса да игра има Спартак

Во следната натпреварувачка сезона во европските купови Македонија ќе има најмалку три екипи, а само една која имаше право да се пријави го откажа играњето. Куманово ја информираше ракометната федерација на Македонија дека нема да игра во Купот на ЕХФ иако според освоеното место имаше право на тоа, како четвртопласирана екипа од домашното првенство.

До РФМ стигнале само три пријави досега, а денеска е последниот ден за пријавување. Екипата на Ѓорче Петров како шампион ќе настапува во Лига на Европа. Вицепрвакот Чаир е пријавен за Европски куп, а Вардар ќе игра исто така во Европски куп

На Македонија и следуваат три места во Купот на ЕХФ, а со оглед на тоа што Куманово се откажа веројатно е дека понуда ќе добие Спартак. Скопскиот тим стартува амбициозно, донесе тренер кој е поранешен селектор и преговара со сериозни ракометарки.

Играњето во европските купови не би требало да им биде голем финансиски товар зашто во првите две – три кола ждрепката ќе биде регионална, односно екипите ќе бидат ставени по региони за да нема толкави трошоци за патувања.

Откако ќе се знае бројот на пријавени екипи ќе се знае и како ќе се играат европските купови, односно од кое коле ќе се почне.