Охрид пак ќе го собере ракометниот крем – познати екипите за турнирот „Крсте Андоновски“

Јубилејното, петто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи ова лето во Охрид.

Од 18 до 22 август, СРЦ „Билјанини Извори“ и градот Охрид ќе бидат домаќини на седум екипи од Европа и Африка.

Организаторот веќе ги распореди екипите по групи. Домаќинот Охрид ќе биде дел од групата А заедно со хрватскиот првак Загреб, египетскиот Замалек и српскиот вицепрвак Војводина.

Во групата Б се најдоа македонскиот првак Вардар, хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, грчкиот шампион Олимпијакос и словенечкиот Тримо Требње, кој беше трет оваа сезона зад Целје и Слован Љубљана.

Трофејот од минатата сезона го брани домаќинот Охрид.