Машката младинска репрезентација на Македонија ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Романија на 15 јуни.
Дотогаш селекторот Игор Илиевски ќе го скрати поширокиот список и ќе одбере ракометари што ќе останат во конкуренција за континенталниот собир.
Неговите избраници ќе имаат четири тестови пред настапот на ЕП и сите ќе се одиграат во Скопје против Саудиска Арабија, Италија и Грција.
Македонија е во група со Данска, Норвешка и Хрватска на ЕП во Романија што ќе се игра во Клуж и Турда.

























