Ѓорче Петров 2 задржа уште една репрезентативка – останува и Георгиевска

Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.

По левиот бек Антонела Ѓероска, средниот бек Ева Ѓорѓиевска и десниот бек Тара Аврамоска, уште една важна ракометарка стави потпис на нов договор.

Станува збор за левиот бек Бојана Георгиевска – кадетска репрезентативка на Македонија, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.