Oд денеска Лазаров е рекордер со најмногу настапи во Лигата на шампионите

Капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров денеска уште повеќе го смести своето име меѓу легендите во Лигата на шампионите бидејќи на гостувањето во Полска кај тимот на Келце го игра својот 250-ти натпревар во најсилното клупско натпреварување.

Ова е бројка која не му успеала никому досега бидејќи досегашниот рекордер беше Арпад Штербик со кој Лазаров се израмни пред една недела кога се играше првиот дуел меѓу Нант и Келце. Сега Кире е сам на врвот на листата. Зад него со 249 настапи е Штербик, а 240 има Тиери Омејер.

Инаку, Лазаров е и најдобриот стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите, па сега се наоѓа на врвот на двата трона и постави бројки кои се неверојатни. Тој до овие бројки стигна играјќи во најсилното клупско натпреварување во дресот на тимовите на Борец, Пелистер, Загреб, Вепрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.