Екипата на Илинден, која во новата сезона ќе настапува во Првата лига, продолжува со формирањето на ростерот и ангажираше нов ракометар.
Станува збор за Иван Најдовски, кој игра на позицијата лево крило. Најдовски своите први ракометни чекори ги направи во школите на Металург и Рисови.
Потоа беше дел од младинската школа на Вардар, каде дополнително го надградуваше својот ракометен потенцијал, а минатата сезона ја мина во Куманово.
Сега Најдовски ќе биде дел од Илинден, со кој ќе се обиде да продолжи со својот развој и да придонесе во настапите на тимот во Првата лига.
Претходно Илинден го промовираше стратегот Дарко Јанев и неговиот асистент Дејан Пецаковски, а досега го пополни ростерот со голманот Наум Симјановски и левиот бек Лука Перуновски.
























