Велешанецот Борис Ристовски ќе има нов предизвик на интернационално ниво, откако се договори на соработка со Будуќност Подгорица.
Средниот бек во минатата сезона настапуваше во Франција, таму играше за нисколигашот РОК Авејрон.
Ристовски потекнува од Борец Велес, а во Македонија ги носеше дресовите и на Тиквеш, Вардар Неготино и Металург РА.
Во својата интернационална кариера играше и за косовскиот Кастриоти и со овој клуб се натпреваруваше на европска сцена.