Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски, во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.
Кружниот напаѓач ќе се пресели во составот на Холабрун, каде тренер е поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков.
Арсеновски минатата сезона имаше одлични настапи во составот на Пролет, со кој играше во плеј-офот на Супер лигата.
Претходно ги носеше дресовите на Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер 2, а краток период настапуваше и за швајцарската Амичитија Цирих.