Norway vs Netherlands, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 19/01/2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Норвешка им се врати на победите, совладани „лалињата“!

Во дуелот на двете репрезентации кои со пораз ја стартуваа главната фаза во групата 2, Норвешка ја совлада Холандија со 36:32 (16:18),  и ги продолжи своите надежи за пласман во полуфиналето. Холандија одигра одлично прво полувреме, даваше отпор  до средината на вториот дел, по што Норвежаните го засилија темпото, ја искористија секоја грешка на противникот и сосема заслужено се израдуваа на првата победа во главната рунда.

Норвешка-Холандија 36:32  (16:18)
Норвежаните подобро влегоа во натпреварот, па преку Оверби и Бјорнсен искористија две технички грешки на Холандија, за воство од 2:0. Бајенс ја отвори серијата голови на спротивната страна, го следеа Шаген и Тен Велде за прво водство на холанѓаните од 2:3. Во продолжението на првото полувреме и двете репрезентации се менуваа во водство кое не беше поголемо од два голови позитива. Последен пат Норвешка имаше водство во 12.минута со погодокот на Оверби 8:7, а „лалињата“ повторно вратија со серија која отвори Бајенс а ја затвори Верстејнен за ново водство од 8:10. До крајот на првиот дел Норвежаниете успеаа на двапати да стигнат до егал, но Холандија преку расположените Верстејнен и Тен Велде успеа на полувреме да замине со предност од 16:18.
Norway vs Netherlands, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 19/01/2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

За неполни шеесетина секунди левото крило Блонз казни две грешки на противникот,а Норвешка повторно беше во егал 18:18. Добрата игра на скандинавците продолжи, па при резултат 19:20 за Холандија, Норвежаните направија серија од 7-2, по која дојдоа до својата најголема предност од 26:22 во 42.минута. Стеинс со својот трет гол го прекина постот на „лалињата“, но противникот не намалуваше во своето темпо. Тонесен со својот прв гол донесе +5, (28:23), а Норвежаните  двапати беа во можност за шест голови позитива која не ја искористија. Бајенс и Тен Велде набрзина погодија за 28:25, а по грешката на Тонесен, Холандија преку Шаген намали на два негатива 28:26 во 50.минута. Ракометарите на Штафан Олсон имаа неколку можности да намалат  на еден негатива, а по серијата промашувања казни Сагосен за ново водство на Норвешка од 30:27. За разлика од претходните натпревари, Норвешка успеа да влезе  во мирен финиш и успешно да ја зачува претходно стекнатата позитива. Крај на дилемите за победникот стави Сагосен за водство од 34:30 во 59.минута. Конечниот резултат по шеесет минути гласеше 35:32, а Норвешка стигна до првата победа во главната фаза.

Најпрецизен во таборот на Норвешка беше Гулеруд со седум голови, а го следеше Блонз со шест. Во составот на Холандија најрасположен за игра беше Тен Велде со осум погодоци.