Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за четвртфиналните средби во Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани за дуелот меѓу полскиот Келце и европскиот шампион Магдебург.
ЕХФ за овој натпревар реши да делегира и двајца делегати, а тоа се Французинот Реибел и Норвежанецот Вилангер.
Дуелот меѓу Келце и Магдебург е на програмата на 24 април во салата „Легионов“ со почеток во 18:45 часот.