Domagoj DUVNJAK, Croatia vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 14.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

„Нема да ми биде лесно да се простам пред домашната публика“

Еден од најдобрите ракометари во историјата на Хрватска, Домагој Дувњак, последните настапи за репрезентацијата ќе ги има на домашното Светско првенство.

Хрватска на Мундијалот, кој ќе стартува на 14 јануари, се надева дека со поддршка од навивачите ќе стигне до висок пласман, а Дувњак повторно ќе биде меѓу клучните играчи на „каубоите“.

,,Драго ми е што ќе имам можност да се простам пред домашната публика. Сигурно нема да ми биде лесно кога знам дека на последниот натпревар за последен пат ќе ја слушам химната, но имам големо искуство, па се надевам дека ќе се сконцентрирам само на теренот “, изјави Дувњак.

Избраниците на Сигурдсон за ривали во групната фаза на Мундијалот ги имаат репрезентациите на Египет, Аргентина и Бахреин.