Екипата на Славија Прага, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, обезбеди место во финалето на плеј-офот од чешкиот шампионат.
Во мајсторката за пласман во борбата за титула, Славија Прага го победи составот на Бањик Мост по серијата пенали со 32-29, а одново херој беше Јанкуловска.
Таа беше најдобар стрелец на мечот воопшто и успеа да постигне 11 погодоци, а најважен беше оној победничкиот од пенал.
Претходно во регуларниот дел мечот заврши 28-28, а по негативата од 27-25 за Славија Прага во финишот, одново Јанкуловска беше клучна ракометарка за пресвртот.
Ривал на Славија Прага во битките за титула ќе биде Хазена Кинжварт, а средбите се закажани за 17 и 20 мај.























