Двете поранешни ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, се враќаат во репрезентативниот дрес на Србија по скоро четири години.
Тие две треба да му се стават на новиот селектор на женската репрезентација, кој дополнително ќе биде познат, откако Урош Брегар по 21 место на ЕП 2024 доби отказ.
Лекиќ и Цвијиќ по завршувањето на ерата на Љубомир Обрадовиќ не беа повикувани во националниот тим, па јавноста имаше впечаток дека тие двете се откажаа од репрезентацијата.
Но сега двете членки на унгарскиот Ференцварош, кои играат во одлична форма, ја прифатија покана на РСС да се стават на располагање.
Србија ќе игра против Словенија во бараж двомечот за СП 2025 година во Германија и Холандија.