Екс голманот на Струга, Никола Матовиќ, кој на стартот на оваа сезона од Шведска се пресели во францускиот Саран, се наоѓа во одлична форма.
Саран во натпревар од 15. коло од прволигашката конкуренција во Франција славеше над Дижон со седум гола разлика, 31:24.
Најзаслужен за победата на амбициозниот Саран беше токму Матовиќ, натпреварот го заврши со 13 интервенции.
Токму одличните партии на Матовиќ треба да се одлични вести за селекторот на Црна Гора, Дидие Динар.
Црна Гора нема да учествува на Мундијалот во јануари, но во периодот од 10 март, па до 12 мај ќе ги одигра преостанатите четири квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026.
Матовиќ во Струга настапуваше една сезона, 2021/22, бранеше на солидно ниво во суперлигашката конкуренција и во изборот на 24 Ракомет беше избран за најдобар голман во регуларниот дел од првенството.
View this post on Instagram