„Не сакам да играм додека тој е селектор – нема авторитет и карактер“

Несудениот ракометар на Вардар и екс член на Металург, Божо Анѓелиќ, официјално соопшти дека не планира да го носи црногорскиот дрес додека селектор е Владо Шола.

Искусниот ракометар наведе неколку  причини зошто повеќе нема да одговара на репрезентативен повик.

,,Имам обврска да ја информирам црногорската јавност за следните факти: Му кажав на селекторот дека во иднина нема да играм за црногорската репрезентација додека тој е на таа позиција. Реков дека не сакам да соработувам со човек кој нема авторитет или карактер да биде на таква позиција. Во Црна Гора, оние кои најмногу ѝ даваат на државата, а притоа не бараат ништо за возврат, се секогаш на „тапет“ и мораат постојано некому да се докажуваат. Се докажуваме на луѓето кои само земаат од нас, а никогаш ништо не даваат. Мора да има нови и големи промени, во спротивно ќе „тапкаме“ во место и нема да бидеме во чекор со силните репрезентации, изјави Анѓелиќ.

Селекторот Владо Шола, кој вчера го имаше првиот собир по настапот на Европското првенство, изјави дека го почитува ставот на Божо Анѓелиќ и порача дека вратата во репрезентацијата е отворена за секого.

,,Даваме шанса на нови играчи, но вратата не е затворена за никого. Има и други играчи кои би сакал да ги видам, но не се ниту на поширокиот список. Тоа е неговиот став, го почитувам, сепак пак ќе повторам, вратата е отворена за сите”, изјави Шола.

Освен Божо Анѓелиќ, на баражд вомечот нема да игра ниту Милош Божовиќ, кој не соопшти поради кои причини го бојкотира црногорскиот селектор.

Црна Гора за пласман на Мундијалот 2025 ќе се бори со подобриот од првиот бараж дуел меѓу Италија и Белгија.